Антитерористичките единици на Србија вчера демонтирале автомобил-бомба во непосредна близина на зградата во која се наоѓа станот на претседателот на Србија, Томислав Николиќ, пишуваат српските медиуми.
Бомбата наводно била поставена во автомобил на улицата „Трешњиног цвета“ во близина на бројот 11, во непосредна близина на зградата во која е станот на Николиќ. Полицијата била повикана од сопственикот на автомобилот Александар С., кој рекол дека му е подметната бомба. Специјалните полициски екипи под автомобилот пронашле пластичен експлозив со голема разорна моќ.
Полицијата работи интензивно на овој случај и проверува дали бомбата била наменета за претседателот Николиќ, кој во последниот месец добива закани поради договорот од Брисел. Исто така, се проверува дали мета на нападот се и неговите синови Бранислав и Радомир, кои, исто така, го користеле станот од каде што претседателот се преселил со сопругата во резиденцијата на Дедиње. Николиќ често минувал по таа улица кога доаѓал во посета на неговите синови, што е уште една причина повеќе работите да се сфатат сериозно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.