– Кратењето на пензиите и платите е карактеристика на СДСМ – вака Никола Тодоров, членот на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ ја коментираше изјавата на поранешниот министер за финансии од СДСМ, Никола Поповски во врска со можни намалувања на платите и пензиите.
Според Тодоров, СДСМ во нивната историја имаат многупати докажано дека она што го знаат е да намалат пензии и плати и да избркаат луѓе од работа.
– Затоа и објавивме дека нема да дозволиме аболицираниот Заев, ниту СДСМ да формира Влада. Затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе формира Влада особено затоа што ние не планираме кратење ниту на пензии, ниту на платите, ниту бркање од работа како тоа што го најави СДСМ, рече Тодоров.
Доколку ВМРО-ДПМНЕ ја формира Владата, како што најави предвидува зголемување и на пензиите и на платите за 10,25 посто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.