| четврток, 6 декември 2018 |

Пандев повреден и не игра против Шведска и Норвешка?

Финишот на сезоната во Серија А беше лош за капитенот на македонската репрезентација, Горан Пандев, кој се повреди по само 5 минути игра против Рома и го напушти теренот.

По само 5 минути игра, струмичанецот настрада во дуелот со Бурдисо од Рома и мораше да го напушти теренот. Станува збор за повреда на глуждот на десната нога. Не се знае колку е тешка повредата, но можно е Пандев да ги пропушти пријателските натпревари на репрезентацијата на Македонија со Шведска и со Норвешка во јуни. Рома го победи Наполи со 2-1, но, без разлика на поразот во Рим, тимот за кој настапува Пандев ќе игра во Лигата на шампионите следната сезона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top