| четврток, 6 декември 2018 |

Му ја зеде ќерката и замина: Блек Чајна го напушти Роб Кардашијан

kar

Последните денови на социјалните мрежи осамнаа шокантни кавги помеѓу Блек Чајна и Роб Кардашијан. Иако нивните бројни фанови заклучија дека објавите намерно ги пуштаат во јавноста за да се крене гледаноста на нивното реално шоу, се испоставило дека навистина дошло до уште еден скандал во семејството Кардашијан.

Во пораките, помеѓу останатото, Блек зборува за Роб како за „мрзлив и несигурен дебелко“ и како се надева на парите кои ќе ги добие кога ќе влезе во семејството Кардашијан.

Имено, хакерите упаднале на профилот на Инстаграм на Блек Чајна и ги разоткриле плановите на свршеницата на Роб Кардашијан. Таа со нејзини луѓе го навредува Роб и вели е ментално болен. Најверојатно откривањето на вистината ја исплашила и затоа си заминала. Откако Роб го објавил видеото, таа објави цел реферат на Инстаграм.

– Толку е. Цела оваа година правев сè за да му помогнам на Роб. Тажно е и патетично како се труди да ги сокрие личните проблеми. Тој е ментално болен и одбива да побара помош.

Недолго потоа, Роб одговорил со своја објава на Инстаграм во која обзнанил дека „неговото срце е скршено откако дознал дека само бил дел од нејзиниот план“.

-Дадов сè што поседувам за неа. Не знаев дека само сум дел од нејзиниот план. Навистина верував дека е вљубена во мене онаков каков што сум и едноставно сум многу повреден- напишал Роб на својот профил на Инстаграм.

kar2

Иако недолго пред избивањето на скандалот објавил божикни декорации во кои требало да уживаат во првиот заеднички Божик се чини дека до тоа нема да дојде. Имено, Роб објавил фотографија од празна детска соба за која тврди дека Блек Чајна ја испразнила и ја земала заедничката ќерка Дрим и синот Кинг Каиро со себе.
kar3
-Не можам да верувам дека ова ми го направила. И ова не е кревање на гледаноста, ова е мојот вистински живот. Скршен сум- заклучил очајниот Роб.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top