| четврток, 6 декември 2018 |

Кајли Миног: Мојата вистина за ракот и животот без деца

kajli minog

На прв поглед таа има сѐ. Згоден и прекрасен маж кого го сака, успех, пари, слава, успеа да се избори со тешка болест и да продолжи како ништо да не било.

Сепак, тоа како ништо да не било не е дел од секојдневието на австралиската џебна Венера. Тоа е она само што го гледаме ние кога ќе се насмее на црвениот тепих.

Кајли сонувала за големо семејство. Кога во 2006 година го победи ракот, лекарите ја советувале да разгледа повеќе опции кога еден ден ќе сака да роди деца.

kajli-minog-rak

Дури сега на 48 години таа открива што се случвало кога на 37 ѝ кажале дека има рак на дојка и како денеска се справува со тоа дека не смее да стане мајка по природен пат. Постојано сомнува како би изгледале нејзините деца, но таа радост никогаш нема да ја почувствува.

-Кога ќе те нападне рак, мораш сѐ да земеш предвид. Верувајте ми, доаѓаш до точка во која кога човекот до тебе ќе ти каже, има многу опции, ти доаѓа да врескаш. Секако, прекрасно е тоа што постојат опции. Екстра, супер! Но, кога треба да ги понесеш на грбот сите други проблеми, а работите кои ги земаме здраво за готово ти бидат одземени, па да, постојат опции. Но, јас имам тројца внуци, за кои сум луда, па затоа сум добра тетка. Мислам дека сите си имаат визии, како ќе ми изгледа детето, дали ќе биде момче или девојче, што свое ќе пронајдам во него. Тажно е сето тоа, но ја морав да се соочувам со тие работи многу долго – вели Кајли.

kajli minog i dzosua sas

Во минатото Кајли беше во врска со многу пожелни мажи Андре Веленкозо, Мајкл Хачинс, Лени Кравиц, Ник Кејв, Џејмс Гудинг, но љубовта на својот живот ја пронајде во британскиот актер Џошуа Сас. Тој е 19 години помлад од неа, но, како што изјави таа „Џошува е старомоден, па покрај него се чувствува младо“. Заедно се 14 месеци. Неодамна изјавија дека нема да се венчаат додека Австралија не ги легализира истополовите бракови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top