| четврток, 6 декември 2018 |

САД: Електорите под смртни закани, денеска официјално треба да го изгласаат Трамп

Електорите во САД кои денеска официјално треба да го изгласаат новоизбраниот претседател Доналд Трамп, тврдат дека добиле мноштво заканувачки пораки и телефонски повици полни со омраза. Дел од нив не кријат и дека добиле закани по живот, пренесува порталот Политико.

Под „Опсада“ се 538 електори кои треба да ги потврдат резултатите од претседателските избори во САД,што како никогаш до сега се наоѓа во преден план на политичката сцена во земјата.

Електор од Тексас тврди дека е бомбардиран со над 200.000 мејлови. Републиканскиот електор од Мичиген Џим Роудс, вели дека никогаш не замислувал дека некој ќе малтретира луѓе како нив.

-Многу е зезнато. Загубив многу договори заради ова- додава.

2012-election-county-by-countyСе наведува дека приврзаниците на Демократската партија се обидуваат да ја блокираат извесната победа на Трамп. Започнати се кампањи против електорите и нивната улога се напаѓа во  колумни во весниците.

Политико потсетува дека еден од демократските конгресмени побарал одложување на електорското гласање додека трае истрагата за наводното руско мешање во американските избори, додека други двајца конгресмени се залагаа електорите да размислат за руската улога во овој процес пред да го дадат својот глас.

Во меѓувреме јавно се објавени личните податоци на многумина  електори заради што се затрупани од електронска пошта.

Минатата недела дел од холивудските ѕвезди како Мартин Шин во обид да ги убеди електорите да гласаат за некој друг а не за Трамп, започна кампања која се претвори во лична имеил порака која секој од електорите ја добил во видео издание .

tan2016-11-8_152121524_01Најголем притисок трпат 306-те републикански електори. Покрај писма од демократите, тие трпат притисок и од републиканските претставници и штабот на Трамп, кои сакаат да се осигураат дека електорите ќе останат лојални на партијата. Републиканскиот електори од Тексас Александар Ким проценува дека добил најмалку 30 такви повици, а дека некој инсајдер од републиканскиот национален комитет го побарал дури три пати во рок од еден час.

ПОлитико оценува дека постојат причини за нервоза во партијата. Ким инсистира дека на денешното гласање ќе го избере Трамп само ако  „доколку Трамп не стори нешто со што би го напуштил сојузништвото кое го создал со американските граѓани“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top