Најмалку 25 лица починаа од труење со алкохол во источен Сибир, а уште 16 други се наоѓаат во критична состојба, јави ТАСС.
Сите жртви, според наводите на иследниците, се жители на населеното место Ново Ленино во близината на Иркутск.
Вкупно 42 лица се пренесни во локланта болница по труење предизвикано од тоа што пиеле лосион за капење, кој содржи метанол.
Истражниот комитет на Руската Федерација објави дека на шишињата со лосион пишувало дека е само за надворешна употреба.
Властите покренаа истрага во врска со овој инцидент.
Иркутск е шестти по големина град во Русија со 1,1 милион жители.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.