Постојат собни растенија што се присутни во речиси секој дом. Но многумина не знаат ни како се викаат, а помалку знаат како тие се чуваат. Спатифилумот е едно такво растение. Постои верување дека ова растение носи среќа на неговата сопственичка.
Се верува дека токму ова собно растение е одговорно за женската доборбит, па не залудно го нарекуваат и женска среќа.
Ако на немажена девојка ѝ подарите спатифилум, таа во најскоро време ќе го среди својот личен живот. Ако го подарите на омажена жена – во семејството ќе се роди дете.
Зошто токму спатифилумот се смета за женски покровител?
Од дамнина жените почнале да забележуваат дека постоењето на ова убаво растение во куќата, секогаш повлекува со себе добри промени, посебно во љубовните односи. Девојките пронаоѓале момчиња, девојките во врска добивале понуди за брак, а мажените жени живееле среќно во бракот.
Среќата, исто така, доаѓала во куќата кај жените што долго време се обидувале да забременат, па со ова растение во домот тие наскоро добивале вест за принова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст