Манчестер сити денеска (17 часот) го пречекува Арсенал, во дербито на колото во англиската Премиер лига, а менаџерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола, со огромен респект гледа на „топчиите“. Тој апелираше неговите фудбалери да бидат максимално внимнателни, посебно во одбраната.
– Ќе треба многу да внимаваме на Арсенал, затоа што противникот располага со квалитетни играчи кои знаат да направат опасност со само еден потег. На неколку позиции, тие имаат брзи фудбалери, а и одбраната им е многу квалутетна. Имаме голем респект кон нив и би сакал да ја сочуваме мрежата на овој дуел. Одбраната треба да биде максимално внимателна – истакна Гвардиола.
Во пресрет на овој меч, тимот од „Етихад“ е на четвртата позиција со 33 освоени бода, додека пак Арсенал е едно место погоре со 34 бод
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.