| четврток, 6 декември 2018 |

ЦСКА Москва сигурна на врвот на табелата во Евролигата

Кошаркарите на ЦСКА Москва синоќа ја постигнаа 11-та победа во Евролигата откако во натпревар од 12.коло ја совладаа Барселона. Со овој триумф ЦСКА е сигурна на првата позиција на табелата. Најефикасен на дуелот беше Кори Хигинс со 23 поени.

Резултати на дуелите од 12.коло: Уникс Казан – Басконија 91:92, Дарушафака – Реал Мадрид 81:68, Жалгирис – Олимпијакос 75:88, Црвена Звезда – Макаби 83:58, Бамберг – Анадолу Ефес 91:83, Галатасарај – Армани Милано 83:80, ЦСКА Москва – Барселона 92:76 и Панатинаикос – Фенербахче 81:70.

Табела: ЦСКА Москва 11-1 (победи-порази), Реал Мадрид 8-4, Олимпијакос 8-4, Басконија 8-4, Фенербахче 8-4, Панатинаикос 7-5, Дарушафака 6-6, Анадолу Ефес 6-6, Црвена Звезда 5-7, Барселона 5-7, Макаби 5-7, Бамберг 4-8, Жалгирис 4-8, Армани Милано 4-8, Галатасарај 4-8, Уникс Казан 3-9.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top