Откажете се од моментите и нештата на коишто не сте горди и запаматете дека сте човечки суштества кои сè уште учат.
Заборавете на сите моменти кога плачевте и кога мислевте дека нема да ја преживеете оваа година.
Заборавете на очекувањата кои ги имате од себе, дека досега сте требале да постигнете или направите нешто. Животот е хаотичен и не ви е потребно дополнително комплицирање и претерано размислување.
Престанете со зависноста од вашиот телефон и лаптоп, но и од социјалните медиуми со кои сте опседнати. Поминете повеќе време во природа и научете нешто ново што нема да ви предизвикува негативна енергија и главоболки.
Ослободете се од спомените кои ви се повторуваат во вашата глава (без оглед на тоа дали се добри или лоши), и кои ве тераат да размислувате дали нешто ќе се случи (повторно). Престанете да правите сценарија во вашата глава за сите можни ситуации кои можеле да се случат.
Заборавете ги оние кои ви донесоа болка и кои не сакаат да имаат ништо со вас. Тргнете ги од својот живот и направете место за нови – луѓе кои ќе се грижат за вас.
На крајот, кажете им збогум на сите мисли дека идната година ќе биде иста како претходната и дека ништо нема да се смени. Кажете им ‘здраво ’ на сите нови соништа и можности кои се пред вас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст