| четврток, 6 декември 2018 |

Фатиме Фетаи без аргументи, цел на потсмев во судницата

Смеа и потсмев од страна на присутните на настапот на специјалната обвинителна Фатиме Фетаи во судницата. Судијката неколкупати ја опомена дека ќе ја отстрани од судењето затоа што не покажува основна почит кон судот, ѝ влегува во збор на судијката, ја коригира и го претдова судот во циркус.

На судењето Фетаи дошла неподготвена за расправата и покажа класично непознавање на процедурите. Специјалната обвинителка во судницата не знаеше дали е дојдена на подготвителна или на главна расправа.

На прашање на судијката Фетаи не знаеше колкав број предмети добила од Обвинителството во рацете на СЈО.

Со типични излетувања во исказите, Фатиме се најде навредена и се пожали дека не било коректно што дел од присутната јавност во судницата се потсмевнувала додека таа зборува.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top