Соработници на рускиот Центар за примирје, од источните делови на сирискиот град Алепо евакуирале 6.462 луѓе, меѓу кои и повеќе од три илјади бунтовници и 300 ранети лица.
Податоците се за првото деноноќие од операциите за евакуирање на цивилното население и бунтовниците од Алепо.
Сите автобуси со кои се пренесуваат евакуираните се придружени од офицери на тој Центар и соработници на Црвениот крст.
Возилата се движат кон реонот Ал Рашидин-4 во западните делови од градот каде што бунтовниците и нивните семејства се префлаат во други возила за транспорт за да продолжат кон градот Идлиб.
На маршрутата се поставени и контролни пунктови. За да се избегнат провокации, а рускиот Центар ги следи операциите со дронови на кои има камери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.