Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“ почнува со новиот регионален проект за развој на џез сцената во регионот „Show Room“. Секој петок на репертоар е концерт на реномирани џез музичари од Македонија и регионот кои ќе настапуваат пред публиката во „Јавна соба“.
„Show Room“ е отворена музичка програма, концерти во живо, со содржини креирани од музичарите од македонската и регионалната џез сцена, која има за цел да го претстави музичкиот потенцијал преку индивидуална интерпретација на стилови, концепти и артисти.
На првото издание вечер ќе настапат Кирил Кузманов – саксофон, Трајче Велков-труба, Филип Димишковски-клавијатура, Кирил Туфекчиевски – бас и Виктор Филиповски – тапани.
„Zing Project“ и „M Jazz Session“ ќе имаат концерти на 23 и 30 декември. Ќе ги изведуваат евергрините на македонската џез/поп ера, од 50-тите години до денес.
На 14 јануари 2017 година концерт ќе одржи познатиот српски џез квартет Милан Петровиќ, со што ќе почне и регионалната размена. Во рамки на „Show Room“ предвидено е гостување на „Fiеrce“ од Скопје во „Мikser House“ во Белград во март 2017, како и настап на македонски бендови на џез фестивали во регионот.
Музичарот и програмски уредник во „Јавна соба“ Марко Василевски потенцира дека станува збор за џез музичари и групи кои негуваат различни џез поджанрови, каде селекцијата е базирана исклучиво на квалитет на авторите.
– Сакам да се приближиме до основната идеја, прогресивен современ звук во кој и публиката и музичарите ќе уживаат, изјави Василевски.
Влезот на сите настани во „Јавна соба“ е бесплатен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст