| четврток, 6 декември 2018 |

ФФМ ги одбра најдобрите: Главни се младинците

Фудбалската федерација на Македонија во Македонскиот народен театар ги додели наградите за најдобрите во македонскиот фудбал за 2016 година.

Главни беа младите фудбалери и нивниот предводник Благоја Милевски кои се изборија за историски пласман на Европското првенство во Полска во 2017 година.

Тие добија специјална награда, а Милевски е избран за најдобар тренер.

Бесарт Ибраими од Шкендија го понесе признанието за најдобар играч во Македонија додека членот на Палермо, Илија Несторовски беше прогласен за најдобар репрезент на мак-фудбалот.

Награди:

Најдобар фудбалер и најдобар стрелец: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Најдобар репрезент на мак-фудбалот: Илија Несторовски (Палермо)
Најдобар тренер: Благоја Милевски (Македонска млада репрезентација)
Специјално признание: Млада репрезентација до 21 година
Најдобар стрелец кај дамите: Афродита Салихи (Драгон 2014)
Најдобра фудбалерка: Теодора Димовска (Драгон 2014)
Најдобар тренер во женскиот фудбал: Илија Мандаров (Драгон 2014)
Најдобар стрелец во младински фудбал: Александар Мишов (Академија Пандев)
Најдобар млад фудбалер: Елиф Елмас (Работнички)
Најдобар клуб во младински фудбал: Вардар
Најдобар тренер во младински фудбал: Југослав Тренчовски (Академија Пандев)
Најдобар играч во футсал: Игор Леовски (Железарец)
Најдобар тренер: Иван Божовиќ (Железарец)
Најдобар фудбалски работник: Сергеј Самсоненко (Вардар)
Најдобар судија: Димитар Мечкаровски (Скопје)
Награда за фер-плеј: Хоризонт Турново

Награда за животно дело: Љубисав Иванов Ѕинго

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top