| четврток, 6 декември 2018 |

Овие луѓе не треба да ги понесете со вас во новата година

Во новата година не земајте го целото ѓуре со вас. Оставете ги ‘отровните’ луѓе во 2016. Ќе се чувствувате многу подоро и ќе си овозможите доар старт во годината што доаѓа.

1. Луѓе кои предизвикуваат стрес во вашиот живот

Стресот не е неизежно лоша раота, всушност, тој е она што вие ќе направите да иде. Ако сметате дека стресот е лош за вас, тогаш навистина е лош за вас. Ако пак стресот го користите како мотиватор, нешто што ќе ве мотивира да дејствувате, во тој случај стресот може да иде и прилично корисен. Како и да е, стремете се само ситуациите да ви предизвикуваат стрес, а не луѓето. Доколку во вашите животи имате луѓе кои постојано ви предизвикуваат стресови, тогаш вашиот ум ви кажува и се оидува да ве мотивира дека треа да ги оттргнете од вашите животи. Животот сам по сее е стресен, не ви треба некој да го направи уште повеќе

2. Луѓе кои ве искористуваат

Да бидеме фер, секој искористува некој и обично тоа е во ред. Ние се дружиме со луѓето бидејќи сметаме дека ќе имаме некаква корист од тоа. Во спротивно, нема причина зошто да сме заедно. Понекогаш, во нашите животи среќаваме луѓе кои не искористуваат на начини на кои сме повредени. Најголем дел од луѓето бараат полза од нас, а со самото тоа ние ја задржуваме или подобруваме нашата благосостојба. Ги имаме и оние ‘отровни’ личности кои не искористуваат, не цицаат и се хранат од нас како паразити. За ваквите луѓе нема место во вашиот живот, не земајте ги со вас во 2015 година

3. Луѓе кои не ве почитуваат

Секоја човек кој знае да почитува заслужува да биде почитуван за возврат, на тој начин функционира почитта. Ако во вашите животи имате луѓе на кои им е тешко да ви ја возвратат почитта која вие им ја давате, кажете им да си заминат. Имајте доволно почит за себе и не дозволувајте луѓето кои не ве почитуваат да бидат дел од вашиот живот.

4. Луѓе кои секогаш успеваат да ве повредат

Луѓето знаат да бидат глупави понекогаш. Луѓето кои сакаме да ги задржиме во нашите животи се луѓето за кои се грижиме, или барем така би требало да биде. За жал, некои од тие лица знаат да не повредат и да ни предизвикаат болка.

Проблемот е што дури откако ќе ја почувствуваме болката, ние се потсетуваме колку тие ни значат. Доколку не можат емотивно да ни наштетат, мораме да се грижиме за нив и за тоа што тие мислат за нас и затоа им дозволуваме да бидат дел од нашите животи. Често им дозволуваме на овие личности да завземат поголем простор. Луѓето ги повредуваат другите луѓе- на тој начин функционира светот. Но, ако имате некој во вашиот живот кој не успева да престане да ве повредува, направете си услуга и оттргнете го од вас. Болката е добра само ако ви е лекција. Во овој случај, лекцијата е да престанете да им дозволувате на останатите да ве искористуваат.

5. Луѓе кои изгледа дека не можат да престанат да ве лажат

Сите лажат. Односно, во првите неколку минути од средҐата со нова личност, веројатно е таа да ве излаже неколку пати. Повеќето лаги се безопасни, но се се менува кога ве лажат луѓето на кои им верувате. Пополнете го вашиот живот со доверливи луѓе и ќе бидете далеку подобри. Лаги можете да најдете насекаде. Пронаоѓањето на вистината е многу поретко.

6. Луѓе кои се добри пред вас, а ве оговараат зад грб

Ова се ѓубриња, кукавици кои немаат храброст да зборуваат во лице. Овие личности уживаат преправајќи се дека се ваши пријатели, а на остатокот од светот му велат дека сте ништожници. Овие луѓе ќе ви ја уништат репутацијата, а добро познато е дека репутацијата е од огромна важност во денешниов свет. Само идиоти би ја започнале новата година со такви луѓе покрај себе.

7. Луѓе на кои не им е гајле за вас, но сакаат да се преправаат дека се грижат

Сите, во своите животи сме имале луѓе кои ни се пријатели само кога нив им одговара. Овие ‘отровни’ луѓе се лажни-пријатели, забавни се за дружење, лесно прифаќаат помош, но кога ви се потребни, ги нема никаде. Овој вид на луѓе се особено отровни бидејќи создаваат илузија на безбедност. Мислиме дека можеме да се потпреме на нив, но кога ќе го побараме нивното рамо, паѓаме и удираме на земја.

8. Луѓе кои ве враќаат во стариот стил на живот

Животот е интересен и возбудлив доколку имаме постојан напредок. Единствено кога постојано се движиме напред, кога постојано се подобруваме себе и околината можеме да најдеме задоволство и среќа. Најголем дел од луѓето секогаш успеваат да ги задржат луѓето кои се држат до животот кој некогаш сме го имале. Сте се обидувале толку напорно за да напредувате и да внесете промени, но сепак овие поединци повеќе го сакаат животот каков што некогаш бил и прават се за да ве вратат на самиот почеток. Бидете претпазливи со овие луѓе. Тие тешко можат да се посочат, а сепак можат да ве вратат назад.

9. Луѓе кои ви го чуваат грбот

Постои еден факт во животот кој сме доволно возрасни да го прифатиме, факт кој не е особено пријатен, но треба да се прифати како вистина- Многу луѓе во вашиот живот, луѓе кои ги нарекувате пријатели, не треба да се дел од вашиот живот. Со текот на времето, ние како поединци се менуваме. Нашите надежи и цели се менуваат, често уништувајќи ги старите врски. Многу луѓе во вашиот живот не сакаат да го живеат животот кој вие сте го создале за себе. Токму поради тоа што тие се егоцентрични, ќе се обидат да создадат своја верзија за идеален живот и да ве вовлечат во неа. Во најголем дел од случаите, луѓето не успеваат да го создадат својот живот од соништата, бидејќи се опкружени од луѓе чијашто цел е нешто сосем поинакво. Ако вашите цели не се усогласени, тогаш не се ниту вашите животи.

10. Луѓе кои само пополнуваат простор

Се во животот е ограничено. Ресурсите се ограничени. Времето е ограничено. Просторот е ограничен. Што можеме да постигнеме во нашиот животен век кој исто така е ограничен?! Не можеме и никогаш нема да можеме да имаме се. Токму поради тоа треба да бидете внимателни не само што ќе изберете да правите, туку со кој ќе го правите тоа.

 

извор Мајка ти и татко ти

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top