Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, повторно не ги призна резултатите од парламентарните избори, на кои 454 илјади граѓани гласаа за ВМРО-ДПМНЕ како победник на изборите.
Според Заев, тоа што речиси половина милион Македонци не ги поддржале неговите планови за двојазичност и федерализација на Македонија и го поразиле СДСМ е јасен доказ дека изборите се нерегуларни и резултатите од истите не смее да бидат признаени.
Зоран Заев не смее да ги признае резултатите од изборите на кои СДСМ не е победник. Јасно е дека власта повторно направила изборен криминал со тоа што убедила половина милион Македонци да гласаат за неа. Јасно е дека половина милион Македонци се слепци кои не поверувале, не виделе дека само Заев и СДСМ можат да го вратат животот во Македонија и поради тоа не ги признаваме резултатите од овие избори – изјави Заев.
Тој тврди дека животот мора да се врати во Македонија и тоа ќе се случи само на избори на кои СДСМ ќе победи.
Зар живот е ова? Плаче Македонија за да ѝ се врати животот кој ќе го вратат Зоран Заев и СДСМ. Во време на режим и немање демократија, слобода и правда, зар е праведно јас и мојата фамилија да заработиме само 12 милиони евра? Па, правда ли е тоа да не заработиме барем 18 милиони евра, наместо 12 во време на ВМРО? Зар Шекеринска не заслужува живот да живее, па наместо 5.000 евра кирија на становите кои ги издава на сопругот, да наплаќа по некои 8-9 илјади евра? Нема компромис, животот мора да го вратиме. И тоа ќе е можно само ако СДСМ е на власт – категоричен е Заев.
Но, како што гледаме, злобната недемократска власт повторно победи на избори, и тоа е неприфатливо за Зоран Заев – вели Заев и додава: „Ќе признаеме само избори на кои СДСМ е победник! Други избори се сигурно наместени. Па, што ако пола милион Македонци гласале за ВМРО? Тоа е стока, тоа се неслободни граѓани бидејќи чим не го поддржуваат Зоран Заев, кој Господ го црпна од нивите за да ги врати животот и слободата, тие не се слободни ни живи граѓани“.
Заев има и предлог како да се организираат избори кои тој и СДСМ ќе ги признаат:
Треба, значи мој предлог е, на Зоран Заев предлог и идеја е, да се направат избори во кои Македонците нема да имаат можност да погрешат и неслободно да гласаат за ВМРО. Значи сѐ што треба да се направи е една мала реформа, односно на изборите да им се забрани учество на сите, освен на СДСМ, и тогаш на листот за гласање нема да се бунат граѓаните, па повторно масовно да одберат друг победник поради заслепеност и немање сенс за живот и демократија… ако граѓаните може да заокружат само еден избор кој е вистинскио избор како што е СДСМ, тогаш нема да има поголеми проблеми и ние тие избори, коишто ќе се демократски, ќе ги признаеме – одлучно додава Заев.
Ако ВМРО се лаже и мисли дека може да организира мирни избори на кои граѓаните ќе избираат повеќе партии, се зезнало ВМРО. ВМРО НЕ СМЕЕ да се најде на избори поради ризикот граѓаните да одлучат повторно во нивна корист како 10 пати досега, и да грешат нонстоп да не го избират одбранио и црпнат од Господ да ги води. На избирачкио список само треба да си биде СДСМ и граѓаните демократски и слободно да го одберат она што им се нуди и така да си имаме добри избори, чиишто резултати ќе ги признаеме – вели Заев за крај.
Според него, нема потреба од друга партија освен СДСМ на избирачкото ливче: – Зошто е тоа така? Многу едноставно… бидејќи во другите партии нема луѓе што се црпнати од Бога за да ја водат Македонија, како што е Зоран Заев – изјави Зоран Заев.
Сѐ дотогаш, додека СДСМ не победи, тој и СДСМ нема да ги признаваат резултатите од изборите.
Кромиди Запад
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
Кромиди Запад
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст