| четврток, 6 декември 2018 |

Беса не знае за кое село приговара: ДИК запна на приговорот за Грушино, Чичаковски даде пауза

dik-2

Беса приговара и за гласачкиот процес во избирачкото место 2340 во селото Грушино, во општина Арачиново, во ИЕ 2. Приговорот е поднесен за вршење притисок од неовластени лица и агитирање внатре и надвор, групно и фамилијарно гласање, намерно не е ставен печат на ливчињата за да бидат прогласени за неважечки, притисок врз набљудувачите на Беса и непочитување на нивните забелешки да бидат внесени во записникот 16.

Ибрахими од ДПА, член на ДИК, е дециден дека нема да зема збор и има јасен став против приговорите кои не се навремено поднесени, кои немаат тежина, ниту пак содржат докази.

Милев од СДСМ побара да се донесе избирачката кутија и во ДИК да се пребројат ливчињата и да се утврди дека навистина на неколку гласачки ливчиња намерно не е ставен печат од гласачкото место за да бидат прогласени за неважечки.

Урумов смета дека приговорот е субјективен, зашто во ова место има само 3 неважечки ливчиња.

Другите членови на ДИК ја отфрлија оваа можност со образложение дека нема законска основа да се разгледува приговорот.

Бонева приложи докази дека проговорот е приложен по изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ за да се штелуваат резултатите, а не за да се бранат правата на учесниците во изборниот процес од изборни нерегуларности.

Прво, рече Бонева, поднесителот на приговорот го поглешил името на селото, во приговорот столи Грашинце наместо Грушино, а второ, ако неправилностите се повториле неколкупати во денот, односно едно лице гласало за друго неколку пати во денот, како што пишува во пригворот, тогаш е направен голем преседан, тоа е кривична одговорност за изборачкиот одбор, што не бил прекинат изборниот процес, што не била повикана ДИК.

На ова Милевски повторни побара ДИК да не се држи до правилникот, туку да ја отвори избирачката кутија, зашто во спротивно тоа ќе претставува дамка на процесот, без разлика што е погрешено името на селото.

Дискусијата ескалира со вкучувањето на Срцев и Дима, па претседателот на ДИК, Чичаковски, даде пауза од 5 минути.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top