Од денеска до 19 декември по трет пат ќе се одржи Недела на современиот израелски филм во чии рамки ќе бидат прикажани три играни филма, два документарца и две епизоди од телевизиска играна серија.
Отворањето ќе биде вечер во кино „Милениум“ со прикажување на играниот филм „Свадбена кукла“ од 2015 година на режисерот Ницан Гилади. Од утре до 19 декември проекциите ќе бидат во Кинотеката на Македонија.
– Веќе трета година заедно ја одбележуваме Неделата на современиот израелски филм во Македонија. Израелскиот филм е извонредна можност за одблиску да не запознаете нас, Израелците. Тој е прозорец кон израелското општество, кон се што не вознемирува, што ни е блиску до срцата, што не прави среќни, кон нашите стравувања и копнежи – сето тоа прикажано низ откршоци од нашата израелска сказна, истакнува израелскиот амбасадор во Македонија Дан Оријан.
Неделата ја организираат амбасадорот Оријан, Еврејската заедница во Република Македонија и Кинотеката на Македонија во соработка со Град Скопје, Младинскиот културен центар и АТГ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст