Тони Мегленски е предводник на петорката која повеќе нема да биде дел од Победа Прилеп. Последните информации од клубот говорат дека искусниот играч за врска и капитен во есенскиот дел од сезоната си заминува од клубот иако тој е еден од клучните играчи со голема минутажа, пишува Македонски спорт.
Се поставува прашањето зошто, а на ова одговор дава чаршијата во Прилеп. Гласно се говори дека Мегленски е одстранет од клубот во кој поникна и кој го смета за свој втор дом исклучиво поради неговата определба која нема врска со фудбалот туку е од сосема друга бранша. По него следува Христијан Трајкоски, кој е во тесни роднински врски со Мегленски, а списокот е пополнет и со Бојан Спиркоски, Дејан Здравески и Стојанче Дунимаглоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.