Англиската фудбалска асоцијација потпиша договор со американската компанија за спортска опрема „Најк“. Договорот е веќе официјализиран и вреди 400 милиони фунти.
Оваа сума ќе биде поделена на 16 години, со оглед на важноста на договорот до 2030 година. Британската компанија „Умбро“ ги облекуваше англиските репрезентативци до 2013 година, до пред потпишувањето на овој милионски договор, кој е еден од најголемите во историјата на фудбалот.
Со 33 милиони фунти годишно, по Челзи кој потпиша договор на 15 години вреден 900 милиони фунти, англиската федерација го има финансиски вториот најскап договор во историјата на Островот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Каменос се закани дека ќе ја напушти владата, кога Договорот од Преспа ќе дојде во парламентот
-
Кувелис: Договорот од Преспа ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент