Најголемата стрип танчерска трупа на светот на сите времиња „Чипендејлс“ првпат дојдоа во Скопје, и синоќа во „Александар палас“ ги станаа на нозе скопјанки.
„Чипендејлс“ понудија професионалната сценска продукција и кореографија, а присутните дами стриптизот го прифатија како забава.
Приказната на „Чипендејлс“ започнала уште во 1979 година во Лос Анџелес, како прва професионална машка танцова трупа, која многу брзо почнала да го освојува светот каде и да настапува. Квалитетот на нивната кореографија и изведба го помогнал прифаќањето на „The Male Review Show“ како забавна и популарна форма. Со комбинација од креативни танцови точки, пеење и стриптиз, дефинитивно момците од „Чипендејлс“ги оживуваат класичните фантазии и истите ги претвораат на сцена во егзотични искушенија.
Трупата во моментов брои 48 машки танчери. Меѓу нив има студенти, професори, веб дизајнери, фотографи, брокери, војници, пејачи, кик боксери… Настапуваат годишно во над 25 земји од светот или пред повеќе од еден милион жени, а нивното шоу за многумина е „The Ultimative Girls Night Out“ доживување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мицкоски: Власта на шверцерски начин создаде манипулативно референдумско прашање
-
Југословенско драмско позориште гостува во МНТ со претставата „Ајнштајновите соништа“
-
Во МНТ гостува претставата „Царство небеско – епика балканика“
-
Демант: „Авалон продукција“ одлучува со која фирма ќе работи и склучува договори