Со настапите на хрватската ѕвезда Даниела Мартиновиќ и нашите Калиопи и Александар Белов, ќе се зачини еден и пол часовното финале на шоуто „Танц со ѕвездите“ кое ќе се одржува вечерва во студиото 1 на МТВ во 20,15 часот.
Финалистите, кајакарот Атанас Николовски заедно со неговата партнерка Јована Василева и лото-девојка Марјана Станојковска со Илија Карадаковски, ќе настапат со три танци: стандарден, латино и фристајл, каде што самите ќе ја одберат песната и кореографијата.
Своите танчерски способности на подиумот ќе ги покаже и водителот Тони Михајловски, кој деновиве активно вежба на своите чекори заедно со танчарката Симона Веселиновска.
За победникот ќе одлучат гласачите преку смс-пораки. Собраните средства од гласањето ќе бидат донирани во ЈУ Дом за доенчиња и мали деца – Битола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.