| четврток, 6 декември 2018 |

„Младите“ повторно подобри од „старите“

makedonija-fudbal

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година, онаа нова генерација што Благоја Милевски ја селектира за следниот квалификациски циклус, и вторпат славеше против А-тимот, на селективниот камп што деновиве се одржа на теренот со вештачка трева во Ѓорче Петров. На денешниот втор натпревар, ‘младите’ славеа со 1-0, со голот на Емил Абаз во завршницата од мечот.

Интересно е дека овојпат најголем дел од „хероите“ кои се пласираа на Европското првенство во Полска следната година беа унапредени во сениорската селекција, но загубија, и тоа два пати, од помладите фудбалери. Очигледно младоста со себе носи и поголема желба за докажување, посебно на вакви ревијални мечеви.

Со ова селекторите Игор Ангеловски и Благоја Милевски ги заокружија активностите на овој селективен репрезентативен камп, и сигурно сега имаат многу подобар увид во квалитетите и формата на одредени фудбалери.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top