| четврток, 6 декември 2018 |

Рамос тренира одвоено, со сигурност нема да настапи во полуфиналето на Светското клупско првенство

serhio-ramos

Реал Мадрид ќе мора да се снаоѓа без помошта на Серхио Рамос во полуфиналето од светското клупско првенство против Клуб Америка што е на програмата во текот на утрешниот ден. Одличниот дефанзивец неодамна се врати на терените по повредата и постигна два клучни голови, за израмнување на големото дерби со Барселона и за победа над Ла Коруња. Сепак, Зинедин Зидан стравува дека Рамос би можел повторно да ја обнови старата повреда, поради што тој беше поштеден на првите тренинзи по пристигнувањето во Јапонија.

– Серхио тренираше сам, изолирано од остатокот на тимот. Тој сигурно нема да игра во полуфиналето, a потоа ќе ја следиме неговата состојба за настап во големото финале – изјави Зидан.

Неизвесно е дали Зидан ќе може да смета на услугите на Пепе, кој исто така не тренираше со остатокот од тимот по пристигнувањето во Токио. Во случај и Португалецот да не биде способен за настап, Зизу ќе мора да им даде шанса на Начо и Варан како централни дефанзивци.

Натпреварот се игра утре со почеток од 11.30 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top