Зораица Брунцлик во солзи и плач го напушти студиото по конфликтот со Александра Радовиќ и Милан Калиниќ во последната епизода на „Пинкови ѕвезди“. Пејачката конечно откри зошто плачела за време на гостувањето во емисијата на Огњен Амиџиќ.
– Плачев за сите пари, ме повредија, тоа не е шега. Додуша, можеби и погрешно сфатив. Јас мислев дека водителот има улога да најави и да одјави, а не да се расправа со нас и да ни се меша во одлуките. Не можевме да престанеме, па ни јас не можев да престанам со плачење – изјави таа.
Пејачката додаде дека сега се поминало и одат понатаму, но и дека таа е најчувствителна
– Mногу сум емотивна и кога некој ќе ме повреди, кога е злонамерен, така реагирам. Се што ќе направам, ми го замеруваат, а кога некој друг ќе го направи истото, тогаш тоа е ОК – изјави пејачката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.