Четворица млади Чеси наместо на ривиерата во Ница, неочекувано се нашле во Ниш. Организаторите на нивниот краток одмор, кој бил закажан пред празниците во Франција, ги збунила новата линија Братислава – Ниш од компанијата „Рајанер“, а поради сличните имиња на двата града, резервирале авионска карта за лет во Србија.
Ирската нискобуџетна авиокомпанија во Словачка рекламира продолжени викенди во Ниш и редовен лет од 31-ви октомври.
Двата пара од Чешка наместо сонцето во Ница, вчера ги пречекаа облаците во Ниш, и не им се верува како компанијата не ги однела во Франција, објави денеска словачкиот портал „Топски.ск“.
Чесите во Ница имаа резервирано хотел и изнајмиле автомобил, но ќе останат во Ниш до петок, бидејќи само тогаш имаат лет до Братислава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.