| четврток, 6 декември 2018 |

Пејачката топлес ужива во втората бременост

%d1%82%d0%be%d0%bf%d0%bb%d0%b5%d1%81

Популарната пејачка и добитничка на голем број музички награди Алиша Мур (37), попозната како Пинк,  вчера ги разнежни своите обожаватели кога на Инстаграм објави преслатка фотографија со својата 5-годишна ќерка, која со рачињата и’ го прегрнува стомакот.

Како што и се очекува од пејачката која со ексцентричниот стил веќе со години го привлекува вниманието на јавноста, таа е сликана топлес, а ѓерданите и алките, слични на оние што и’ ги ставила и на ќерка си, го надополнуваат комплетниот изглед.

Откако минатиот месец Пинк и нејзиниот сопруг, мотоциклистот Кери Харт, објавија на Инстаграм дека очекуваат принова, тие секој ден со своите обожаватели ги споделуваат радосните мигови на бремената пејачка. Таа неодамна беше фотографирана во Беверли Хилс во кежуал-издание, патики и црн фустан, кој и’ го прикрива стомакот.

%d1%82%d0%be%d0%bf%d0%bb%d0%b5%d1%812

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top