| четврток, 6 декември 2018 |

Акција на МВР во Куманово, претрес кај полициски началник

fewrghtydjyt-93236

Во моментов куќата на кумановскиот началник на СВР Куманово, Стојанче Велиќковиќ, е опколена со специјалци на МВР, а внатре истражни органи вршат претрес, јавува локалниот интернет портал „Кумановски муабети“.

Веста е потврдена и до МВР, но за сега нема повеќе детали. Според изјавите на насобраните луѓе пред неговиот дом, специјалците влегле во дворот за да го уапсат началникот Величковиќ. Според неофицијалните информации, се шпекулира дека причината за акцијата се сомневања за изборни нерегуларности.

Во меѓувреме, пред неговата куќа се собираат приврзаници на СДСМ во обид да ја спречат полициската акција која може да открие евентуален изборен криминал.

Стојанче Величковиќ беше назначен за началник на СВР Куманово во првата техничка Влада, па потоа беше разрешен со заминување на Оливер Спасовски и повторно вратен со враќање на Спасовски на чело на МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top