Ова ноќ меѓу 13 и 14 декември ќе можете да уживате во последната Супермесечина оваа година. Дождот од метеори ќе ја намали видливоста на полниот месец, дури за пет пати. Меѓутоа во душата ќе ви блеска, тврдат астролозите.
Супермесечината ќе биде видлива ширум светот вечерва.
Ова е трета и последна супермесечина оваа година. Сега ќе биде во исто време со дождот од метеори Геминиди.
Поради силниот отсјај Месечината, метеорскиот дожд тешко ќе се забележува.
Супермесечината е феномен кој се јавува кога Месечината ќе достигне поблиска точка од вообичаеното до земјата. И минатиот месец беше видлива супермесечината.
Кинески астронаути проценуваат дека Месечината ќе биде на најблиската точка во среда наутро.
Ако сте подготвени се што е тешко и непријатно да го оставите зад себе во 2016 година за време на дејството на полната месечина се отвара мистичен портал кој овозможува тоа да го направите многу брзо.
Времето на Супермесечината е идеално време за разговор за иднината, за заврстување на колегијалните односи и за разговор за тешки теми.
Очекувајте тешкотити да ви донесе разликата на она што мислите и она што чувствувате. Тоа ќе се случува и на други во вашето опркужување, па бидете подготвени за нагли изјави,а непријателските тонови прифатете ги со толераницја и резерва.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.