| четврток, 6 декември 2018 |

Додик им ја честиташе победата на ВМРО-ДПМНЕ

dodik

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, упати писмо со честитка до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. Во име на неговата партија Сојуз на независни социјалдемократи, Додик ја честита победата на претседателските избори на ВМРО-ДПМНЕ.

Во прилог, целото писмо од Додик:

Ви упатувам најискрени честитки по повод победата која вашата партија ВМРО-ДПМНЕ ја оствари на парламентарните избори во Македонија.

Добербата која граѓаните на Македонија ви ја укажаа вас е најдобро признание за вашата досегашна работа и работата на вашата партија.

Уверен сум дека ќе продолжите да работите на понатамошниот напредок на Македонија и Македонското општество.

Со најдобри желби за понатамошна успешна работа, во име на членството на Сојузот на независни социјалдемократи и мое лично име, уште еднаш ви ја честитам победата.

Со Почит,
Милорад Додик,
Претседател на СНСД

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top