| четврток, 6 декември 2018 |

Неволји во рајот – на Александра ѝ преседна патувањето во Тајланд

%d0%bf%d1%80%d0%b8%d1%98%d0%be

На младата пејачка Александра Пријовиќ ѝ преседна патувањето на кое тргна со својот дечко Филип Живојиновиќ, неговиот татко Боба Живојиновиќ и неговата маќеа Лепа Брена за да ја прослават нивната сребрена свадба.

Како што пренесуваат српските медиуми, Александра е ограбена на Тајланд уште третиот ден од 8-дневниот одмор. Имено, од нејзината чанта исчезнале неколку стотици евра, платежните и кредитни картички, како и часовник вреден 10.000 евра, кој неодамна ѝ го подари Филип.

-Живојиновиќ со снаите моментално се наоѓаат во Пукет, а Пријановиќ стана жртва на крадците за кои сите ја предупредуваа. Сè се случило додека таа и Филип биле на плажа. Александра со себе зела само крпа и чанта за на плажа, во која го ставила несесерот со парите, картичките и шминката. Бидејќи заборавила да го симне часовникот од рака, го направила тоа на плажата пред да влезе во вода, ставајќи го во несесерот. За среќа, пасошот и личните документи не биле со неа, бидејќи не ги ни извадила од куферот по слетувањето на аеродромот. Грабежот се случил додека тие биле во вода, а крадецот вешто го извлекол само несесерот од чантата и избегал. Никој не го забележал, па дури ни пејачката, сè додека не се фатила за чантата за да ја плати сметката- раскажува извор близок на Пријовиќ, на кој таа му го раскажала инцидентот преку Скајп.

Бидејќи прво помислила дека не го зела несесерот, се вратиле до собата во хотелот.

-Но кога сфатила дека го нема ни таму, а Филип ја потсетил дека го симнала од рака на плажата, веќе немало дилема дека е ограбена. Келнерот, кој цело време бил на плажата, им кажал дека забележал човек што се плетка околу нивните лежалки, но помислил дека е некој нивни пријател. Таа веднаш се јавила во банката во Белград за да ги блокира картичките, а случајот го пријавила во локалната полиција. Брена ѝ кажала да не се нервира бидејќи такви работи се случуваат и да биде среќна што не останала без пасошот, бидејќи тоа дополнително би им го искомплицирало претстојот- заклучува изворот.

Земајќи предвид дека Брена и Боба плаќаат за ова егзотично патување, следните пет дена на Пријовиќ нема да ѝ требаат пари, а ако посака нешто да си купи, тогаш веројатно свекрва ѝ ќе го одврзе ќесето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top