Помладиот брат на ѕвездата на Челзи, Немања Матиќ го направи најголемиот трансфер досега во својата кариера. Урош Матиќ потпиша договор со клубот кој што беше учесник во Лигата на шампионите сезонава, данскиот Копенхаген, кој последниве неколку години доминира во данската прва лига. Во вториот дел од сезоната, актуелниот првак ќе настапува и во Лига Европа каде што во 1/16 финалето ќе се соочи со бугарскиот Лудогорец.
26-годишниот играч од средниот ред досега играше за австрискиот Штурм Грац со 10 натпревари и два голови, а играше и за Кошице, Бенфика Б и НАЦ Бреда.
Урош потпиша договор на четири и пол години со Копенхаген. Се очекува да им се приклучи на своите нови соиграчи од 12. јануари кога се закажани зимските подготовки. За потсетување, Матиќ и понатаму чека дозвола за настап во дресот на македонската сениорска репрезентација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.