| четврток, 6 декември 2018 |

Добри вести за навивачите на Милан, легна втората рата од 100 милиони евра

milan

Кинеските инвеститори кои треба да го купат миланскиот гигант, денеска ја уплатиле втората рата од купопродажниот договор со долгогодишниот претседател Силвио Берлускони која изнесува 100 милиони евра.

До сега веќе требаше ситуацијата да биде решена, но работата затаи околу банкарската гаранција на Кинезите. Сепак Берулскони ја одложи зделката на уште три месеци и им даде нова шанса на идните сопственици, кои ја искористија и уплатија втора рата од договорот.

100 милиони евра веќе беа уплатени на сметката на Милан на самиот почеток на преговорите уште летоска, а нивната гаранција истекуваше во јануари во случај да групацијата „Сано-Еуропе“ се повлече од договорот.

Секако сега на сметката на Милан има 200 милиони евра кои се добредојдени пред зимскиот преоден рок и се чини се најголем буџет за дополнување на играчкиот ростер од сите клубови во Европа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top