Во неделата вечер во 00.30 часот во ПС Тетово, А.И. од с. Бозовце, со место на живеење во Тетово, пријавил дека исчезнала неговата ќерка Д.И. (21), која била мажена во с. Камењане. Девојката во саботата дошла на гости кај својот татко и следниот ден околу 18.30 часот излегла и заминала во непознат правец.
Од тој момент истата не се вратила, ниту, пак, се јавила да им каже каде се наоѓа. Неколку пати се обидел да ја побара на телефон, но телефонот ѝ бил исклучен. Пријавителот, заедно со зетот, се обидел да ја пронајде барајќи ја кај роднини и пријатели.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.