Во мај ќе биде готова новата општинска зграда на Општина Карпош. Изградбата на објектот е во завршна фаза, односно изведени се околу 70 отсто од градежните активности, а останатите 30 отсто кои се работат во моментов се внатрешни занаетчиски работи.
Во зависност од надворешните временски услови, се очекува дека општинската зграда ќе биде целосно готова до почетокот на летната сезона и дека администрацијата ќе се всели во април или мај.
Во новата општинска зграда ќе има и матична служба, односно граѓаните од сега ќе може да се венчаваат и на територијата на општина Карпош.
Општинската зграда ќе има приземје, три ката и потпокрив со административен простор за 200 вработени и паркинг со површина од околу 1.000 квадратни метри. Таа се гради на местото на старите општински бараки во Карпош 3.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Двајца пешаци прегазени на улица во Карпош
-
Драма во маркет во Карпош: Разбојник нападнал една продавачката со електрошок, а двете колешки жестоко му возвратиле
-
Попоски прогнозира: Какво време нѐ очекува во мај, јуни и јули?
-
ДОМ: Зошто Уставниот суд не постапува по пријавите за скандалозните ДУП-и во Карпош?