Младата репрезентација на Македонија до 21 година одигра уште еден одличен натпревар, овој пат против А селекцијата на Македонија и успеа да слави победа со 2:1 во првиот од двата контролни тест натпревари помеѓу овие две репрезентации.
Избраниците на селекторот Благоја Милевски, иако во подмладен состав одиграа извонредно прво полувреме во кое постигнаа два гола. Петар Петковски беше двоен стрелец, тој погоди во 22 и 31.минута.
Во продолжението селекцијата предводена од Игор Ангеловски одигра нешто подобро, наметна своја игра, го засили притисокот, но тоа беше доволно само за намалување на предноста на противникот. Конечните 2:1 ги постави Душко Трајчевски во 76.минута од средбата.
Селекторите Ангеловски и Милевски овој меч го одиграа со овие стостави:
А – тим: Шишковски, Бејтулаи, Мурати, Велковски, Демири, Дориев, Муслиу, Најденов, Николов, Аврамовски, Ибраими. Уште играа: Ристевски, Тошевски, Маркоски, Трајчевски, Колевски.
У21 – тим: Мујовиќ, Поп Златанов, Симовски, Чешмеџиев, Н’Сомбо, Селмани, Тотре, Елмас, Костов, Костадинов, Петковски. Уште играа: Реџепи, Илиќ, Јанков, Личина, Аломеровиќ, Стојановски, Кривањева, Филиповски, Здравковски, Абдулаху, Крезиќ, Цветановски.
Втората средба се игра на во среда (14 декември).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст