Резултатите од пребројувањето на гласовите во ДИК покажува дека победник на изборите е ВМРО-ДПМНЕ со Коалицијата со освоени 16.240 гласови повеќе од коалицијата на СДСМ, но во исто време интересно е да се забележи и дека Државната изборна комисија регистрирала 37.812 неважечки ливчиња, од кои на 90 отсто е заокружен редниот број 1 на ВМРО-ДПМНЕ.
Како овие ливчиња завршиле како неважечки не е познато, но сигурно е дека разликата во конечната бројка меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе била далеку поголема доколку овие гласови биле регистрирани како регуларни.
За потсетување, од 99,70% обработени гласови во ДИК, ВМРО-ДПМНЕ со Коалцијата освои 452.709 гласови или 38,06 отсто, а за СДСМ гласале 436.469 гласачи, или 36,69 отсто. Разликата би била и поголема, а со албанските и со неважечките само се штелува во полза на СДСМ, со што се одлеани 15-20 илјади гласови.
Ова се резултатите од обработените гласачки места во сите шест изборни единици, без гласовите од дијаспората.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.