| четврток, 6 декември 2018 |

Деца искористени за бомбаш-самоубијци во Нигерија

Две девојчиња, на возраст од седум и од осум години, биле искористени како бомбаш-самоубијци за терористичкиот напад на еден пазар во североисточна Нигерија, соопши денеска нигериската полиција.

Во нападот, освен девјчињата-терористи, убиено е најмалку едно лице, додека други 18 се повредени.

Нападот бил извршен во градот Мајдури, во сојузната нигерски држава Борно, во време кога на пазарот има најмногу луѓе.

Девојчињата ги активирале експлозивните направи веднаш по доаѓањето на пазарот.

Досега никој не презеде одговорност за овој терористички напад, но полицијата верува дека станува збир за групата Боко харам, која често изведува такви напади.

Нигериските власти, како и армиските сили, во изминатите месеци имаат забележано успех во пресметката со исламистичките милитанти на оваа група, но тие засега се немоќни да ги спречат терористичките напади.

Сведок изјавил за медиумите дека ги забележал девојчињата кога дошле на пазарот со една рикша и мислел дека тие ја бараат својата мајка.

– Се обидов да ги прашам дали се загубиле, зборувајќи на локалниот јазик и на англиски, но тие ништо не одговорија. Веднаш по влегувањето во пазарот одекна експлозија – изјави очевидец.

Во петокот, во напад на две жени самоубијци, изведен на пазарот во градот Мадагали, беа убиени најмалку 45, а повредени повеќе од 45 лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top