Според американскиот ланец на здрава храна „Whole Foods”, флекситарианизам ќе биде нов, водечки тренд во исхраната во 2017 година, а подразбра да јадете повеќе, но не и исклучиво вегетаријанска или веганска храна.
Помалку месо во исхраната е добро за нашето тело, но и за нашата планета, а се чини дека човештвото се помалку јаде месо.
По наглиот раст, а потоа, како и што се очекуваше, пад на интересот за сирова храна, флекситарианизам изгледа како добра алтернатива на веганството и вегетаријанството.
Како флекситаријан може да јадете месо за викенд, кога јадете во ресторан или по шест часот попладне, а одредувате според тоа што вам најмногу ви одговара.
Овој начин на исхрана не е нов, но е се популарен, делумно благодарејќи на Ричард Брансон, Ема Томсон и Џејми Оливер кои ја поддржаа кампањата „Безмасен понеделник“ кои во 2009 година ја почнаа Пол, Мери и Стела Макартни поттикнувајќи ги граѓаните да се одлучат за безмасни оброци.
– „Безмасен понеделник“ е најдобар изговор да се сосредоточите на неверојатната разноликост на зеленчукот и превкусните јадења кои може да ги направите од него – изјави Оливер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во Србија уапсени луѓе заради продажба на 31 тон расипано месо од Бразил
-
Полицаец се заканувал со пиштол во месарница, не му се допаднало месото
-
Компании од Бразил добиле забрана за извоз на месо во Македонија поради небезбедно месо
-
Во 398 контроли на месарници уништени 414 килограми небезбедно месо