Сите картички, без разлика дали се ученички, струдентски, пензионерски, перосонализирани или неперсонализирани, задолжително треба да се отчукаат на валидаторот. Во 2017 година, граѓаните за иста цена ќе се возат во кој било автобус со електронските картички „скопска”.
– Од 1 јануари со електронските картички “скопска”, без разлика дали се персонализирани или неперсонализирани, сите патници ќе можат да ги користат услугите на ЈСП и услугите на приватните превозници. Значи, нема да имаме повеќе продажба на хартиени билети во автобусите, било тоа да се на ЈСП или на приватните превозници “Слобода превоз” или “Мак-експрес”, туку ќе се ги користат електронските картички или доколку не ги поседуваат, ќе можат да вршат плаќање преку мобилен телефон, информираат од ЈСП – Скопје.
Со новиот систем за наплата ќе се утврди распоредат на линиите на сообраќање во зависност од потребите на граѓаните, со што ќе се подобри квалитетот на превозот, но и безбедноста во сообраќајот. Преку ГПС ќе се следи секое движење, времето на поаѓање и пристигнување до крајната дестинација.
Картичките се издаваат во еден од осумте центри низ градот каде што веднаш ќе ве сликаат и за неколку минути го добивате електронскиот билет кој чини 200 денари. Неперсонализираните електронски картички ќе може да се купат во една од 25 билетарници на ЈСП и над 60 мастер-дилери.
Месечните, тримесечните, шестмесечните и годишните билети, се впишуваат исклучиво на персонализираните картички, а надополнување со средства и купување на билет со десет возења, може да се направи на двата типа на картички.
Надлежните очекуваат со новиот електронски систем да се подобри квалитетот на превозот, ќе се намалат клучните проблеми со наплатата-турканиците, а и ќе се контролира движењето на автобусите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.