Во извештајот се врши процена на степенот до кој институциите, инфраструктурата и услугите во економиите го олеснуваат протокот на стока. Додека Европската унија и САД се сметаат за помалку отворени за трговија, областа АСЕАН, каде што спаѓаат нации како Сингапур, Индонезија и Филипини, е поотворена за стока однадвор. Извештајот потенцира дека АСЕАН расте како економска сила поради интеграцијата на регионот во глобалната економија. Сепак, меѓу топ 10 вообичаено доминираат европски држави.
Сингапур годинава по петти пат се наоѓа на врвот на листата со вкупно 136 економии. Домашниот пазар во земјата се смета за најотворен во светот и 99,7% од стоката влегува вo земјата без царина. Граничните процедури се најдобри во светот, иако другите економии во светот се борат со неефикасна погранична администрација. Транспортните услуги и целосната социополитичка средина е високоефикасна, голема е и довербата во јавните институции.
Во топ 10 спаѓаат: Холандија, Хонгконг, Луксембург, Шведска, Финска, Австрија, Обединето Кралство, Германија и Белгија. Освен Србија, другите земји од соседството се рангирани: Хрватска на 44-то, Грција на 52-ро, Бугарија на 53-то, Албанија на 60-то, Црна Гора на 62-ро и БиХ на 83-то место. Македонија се наоѓа на 56-то место.
Европа и Северна Америка и понатаму се региони со најразвиена трговија, но забележуваат пад во однос на 2014 година. Најголем напредок во Европа направија економиите во развој како Литванија (искачување од 37-мо на 29-то место) и Србија (искачување за 18 места на 64-то место).
Меѓу најнапредните економии, Швајцарија (која не е во топ 10) и САД обезбедуваат најлош пристап до домашните и странските пазари. Гледано во целина, најмногу напреднале земјите од Супсахарска Африка. Додека земјите од АСЕАН се најотворени за трговија, Јужна Азија се посочува како најзатворен регион во светот, каде што тарифите на увезените производи се покачени за 1% на 16,7%.
Извештајот вели и дека бариерите за влез и високите трошоци спречуваат милиони луѓе во светот да извлечат бенефит од интернационалната трговија. Ова е особено вистина во руралните средини, за младите луѓе и во големите пазари во развој. Земјите од топ 10 се само 3% од популацијата во светот, додека повеќе од половина луѓе во светот живеат во земјите на дното.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.