Паоло Џентилони е новиот италијански премиер, близок до досегашниот премиер Матео Ренци.
Ренци даде оставка откако референдумот на промена на Уставот не ја доби поддршката на италијанските граѓани.
“Ќе работиме во рамките на досегашната влада и сегашното мнозинство”, изјави Џентилони откако беше назначен за премиер од страна на италијанскиот претседател Серџо Матарела.
Џентилони до денес беше министер за надворешни работи. Се очекува најголемиот број министри од досегашната влада да останат на нивните места.
Новиот премиер има 62 години и се очекува тој да ја формира новата влада по што се очекува таа да биде изгласана од Парламентот во среда.
Тој најави дека наскоро ќе предложи излез од кризата во која земјата влезе откако Италијаните со големо мнозинство го отфрлија уставниот рефереднум.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст