Кошаркарската репрезентација на Македонија е дел од групата Ц во претквалификациите за СП 2019 во Кина, беше одлучено на денешната ждрепка што се одржа во Прага. Големиот пад на резултатите придонесе да дојде и до намалување на рејтингот, па селекцијата што пред само пет години беше четврта во Европа сега ќе треба да игра од првата квалификациска рунда, за да избори место во „главните мундијалски квалификации“.
Противници на нашата селекција ќе бидат Естонија и Косово, а со оглед на фактот дека првите две репрезентации од секоја група обезбедуваат пласман во следната рунда, јасно е дека шансите за успех се огромни, а евентуалниот неуспех би значел вистинска трагедија за мак-баскетот.
Гавриловска во изјавата за „Република“ потенцираше дека е многу важно и здравствениот билтен на кошаркарите да биде добар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.