| четврток, 6 декември 2018 |

Јемен: Најмалку 40 војници загинаа во самоубиствен напад во воена база

Во самоубиствен напад во воена база во јеменскиот град Аден денеска погинаа најмалку 40, а ранети се уште 70 војници, соопшти јеменската армија.

Напаѓачот се разнел во моментот дедока војниците чекале да ја земат својата плата, додава извор од јеменската Влада, пренесуваат британските медиуми.

Џихадистите од Исламска држава досега извеле повеќе напади врз војниците во Аден, град што е под контрола на меѓународно признатата влада во егзил во  Саудиска Арабија.

Најмалку 10.000 лица се погинати во овој конфликт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top