Актерката Ким Катрал, позната како Саманта Џоунс од хит серијата „Сексот и градот”, денес има 60 години и изгледа фантастично.
Нејзината улога ја обележи оваа серија, но и целиот нејзин живот, иако неколку пати истакнувала дека во приватниот живот нема врска со улогата која ја глуми во серијата.
Ким е родена во близина на Ливерпул и од мала се школувала за да биде актерка. Од Англија се преселила во Канада, а потоа во Њујорк. Таму се запишала на Американската академија за драмски уметности, а непосредно по дипломирањето склучила договор со режисерот Ото Премингер за ангажман на пет години.
Катрал се мажела три пати. Од 1977 до 1979 година била во брак со Лари Дејвис. Вториот брак со Андре Ласон траел од 1982 до 1989 година. Во тој период Ким живеела во Франкфурт и научила течно да зборува германски. Од 1998 до 2004 година била во брак со басистот Марк Левинсон.
Убавата русокоса ја доведувале во врска со канадскиот премиер Пијер Елиот Труде, кој бил постар од неа 37 години.
После толку врски и бракови, Ким денес е сама. На прашањето дали се’ уште верува во бракот, во една прилика го дала следниот одговор:
Не чувствувам потреба уште еднаш да се омажам. Свесна сум дека веројатно никогаш нема да имам деца, но задоволна сум со мојот живот. Но, никогаш не вели никогаш. И затоа, ако уште еднаш стапам во брак, во што се сомневам, се надевам дека тоа ќе биде засекогаш”.
Во љубовта секако верувам. Затоа и се разведував неколку пати. Мојот втор сопруг Андре живееше во Германија, па и јас се преселив таму и пет години живеев ос него. Но, штом се венчавме, и двајцата почнавме да добиваме се подобри работни понуди и речиси воопшто не се гледавме. Тој остана таму, а јас претежно работев во Америка. И дури кога се разведовме, сфатив дека живеев во илузија.
Мислев дека можам да бидам супержена која секогаш ќе биде покрај сопругот, ќе го решава секој проблем и ќе има кариера. Но, тоа е невозможно. Засекогаш ќе ја памтам реченицата која ми ја кажа мојата мајка после разводот. ‘Мила моја, можев веднаш да ти кажам дека во врската на далечина срцето секогаш посилно чука, но за некој друг'”, рекла славната актерка во една прилика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст