| четврток, 6 декември 2018 |

Голем допинг скандал, над 1000 руски спортисти допингувани под капата на државата

rusija

Како бомба одекна денешната вест дека повеќе од 1000 руски спортисти се допингувани во последните четири години под покровителство на највисоките државни институции.

Ваквата информација ја пренесе професорот Ричард Мекларен кој доби задолжение од Светската антидопинг агенција да изврши истрага за овој случај. Тој пренесе дека се работи за допинг скандал од најголеми размери опфаќајќи дури 30 спортови, па дури и фудбал.

Во неговиот завршен извештај стои дека се допингувани четири олимписки шампиони од зимските игри во Сочи 2014 година, односно пет од Летните олимписки игри во Лондон 2012 година.

izvestaj

Русија на ЛОИ во Лондон освои 72 медали од кои 21 злато, а на ЗОИ во Сочи 33 одличја.

Овој скандал беше најавен уште во јули оваа година кои е заведен како завера зад кој стојат и руските тајни служби, пишуваат водечките англиски медиуми, „ББС“ „Гардијан“. Спортистите тоа не го правеле на своја рака туку биле дел од допинг програмата.

Во извештајот Мекларен индиректно го обвинува министерот за Спорт Виталиј Мутко, а претседателот Владимир Путин воопшто не се спомнува.

– Сега можеме да потврдиме дека се работи за допинг од огромни размери кој е прикриен уште од 2011 година. Спортистите биле дел од програмата која маниулирала со допинг контролата – пишува професорот Мекларен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top