| четврток, 6 декември 2018 |

Најголеми светски мистерии кои никогаш не се решени

Постојат неколку исклучително познати мистерии кои со векови ги мачат и најголемите умови.

Петра, Јордан

„Загубениот град“ како што многумина го нарекуваат во себе содржи над илјада куќи, гробови, дворци и светилишта, како и театар кој може да прими три илјади луѓе. Фактот дека Петра е магичен град изграден во карпа кој изгледа како дестинација од бајка, но неговото исчезнување е една од најголемите мистерии во светот. Се верува дека градот е изграден во 1. век пред нашата ера и до ден денс крие многу мистерии.

Стоунхенџ, Англија

Стоунхенџ е прекриен со многу митови и легенди. Се верува дека е изграден во време меѓу 4. и 3. век пред новата ера, но никој не знае на кој начин ниту пак што точно претставува. Иако за него постојат многу теории, но тој уште е на листата на нерешени мистерии.

Кеопсовата пирамида, Египет

Единственото светско чудо од античкиот свет кое постои и денес е големата гробница. Експертите веруваат дека е завршена 2.540 година пред новата ера, а пирамидата се смета за најголема градба направена исклучиво од човекот, без модната технологија. Пирадимите во Гиза каде што освен Кеопсовата се наоѓаат уште две и денес се сметаат за мистерија, бидејќи никој не успеал да објасни како луѓето можеле да градат вакви масивни сложени блокови на кои ниту забот на времето не им може ништо.

Загубениот град Атлантида

Прв овој град го споменува Платон, како осторв на кој живее неверојатна напредна цивилизација. Според легендата, се верува дека Атлантида постоела се додека не се случила природна катастрофа земјотрес или поплава, која ја уништила. Се верува дека потоа станала подводно кралство кое го штитат сирените. Уште не се знае каде точно се наоѓала. Во еден период и Јадран бил сметан за дом на Атлантида.

Кралството на Инките

Моќното кралство на Инките се уште е една од најголемите мистерии. Постоело меѓу 1.200 и 1.535 година во Јужна Америка. Нивниот модерен и главен град се наоѓал на врвот на една тешко достапна планина, а денес е познат како Мачу Пикчу. Градот во тоа време бил посебен, со оглед на системот за наводнување и каналите.

Бермудски триаголник

Се смета „одговорен“ за исчезнување на многу бродови и авиони, а се верува дека таа бројка денес достигнува и 140 во кои биле вкупно 1.400 патници. Многу веруваат во неприродни објаснувања. Научниците до сега не понудиле конкретни одговори освен приказната за силните магнетски бранови во тој предел кои во секунди го менуваат времето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top