Во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ во Скопје денес, 9 декември (петок) 2016 година во 19 часот ќе се одржи промоција на монографијата „Раскрилена птица“, посветена на познатата балерина Јагода Сланева. Авторка на ова значајно дело е Емилија Џипунова, долгогодишен хроничар и афирматор на балетската уметност во Република Македонија.
За најновото дело во издание на издавачката куќа „Панили“ од Скопје ќе говорат Соња Здравковска Џепаровска, проф. д-р Љубинка Басотова и писателот Ефтим Клетников.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.