| четврток, 6 декември 2018 |

Последен ден од изборната кампања, завршните митинзи во Скопје, Прилеп и Битола

Партиите и коалициите кои учествуваат на предвремените парламентарни избори денеска ја завршуваат изборната кампања со презентација на нивната изборна програма пред граѓаните.

Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи митинзи во Крушево и Прилеп, а Коалицијата „За живот во Македонија“ ќе има митинг во скопската општина Гази Баба.

Коалицијата за промени и правда предводена од Демократскиот сојуз ќе одржи митинг на плоштадот во „Лептокарија“, а Коалицијата „ВМРО за Македонија“ ќе има средба со граѓани во Општина Прилеп и митинг во Битола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top